Струшката градска власт бара итно решение на проблемот со градската депонија
Дивата депонија во Струга, жежок костен и за актуелниот директорот на ЈП „Комунално“, Гарип Каба. Ниту претходната, ниту тековнава градска власт, не успеа да најде решение за овој проблем на стружани. Алармирани се сите надлежни институции, но без изгледно решение во блиска иднина.
За проблемот со дивата депонија во Струга телевизија ТВМ информира години наназад. Од проблемот со одлагање на медицински отпад, до нелегалното палење на депонијата, како и загадувањето на воздухот кое што го чуствуваат граѓаните на Струга – сето ова беа теми во нашите информативни програми. Откако минатата недела повторно известувавме за палењето на депонијата, денеска до нашата редакција со свој став се обрати и првиот човек на ЈП „Комунално“ Струга, Гарип Каба.
Во телефонски разговор Каба не информираше дека, како и минатата, така и оваа година, дошло до палење или самозапалување на депонијата. Вината за тоа граѓаните ја лоцираат кај ова ЈП, при што револтирано реагираат до нив, го изложуваат претпријатието на јавни критики, со што се создаваат проблеми за наше нормално функционирање, се жали директорот Каба. Тој појаснува дека иако депонијата е дива, односно не ги исполнува основните стандарди за депонирање и третман на комуналениот отпад, тие мора да ја користат истата бидејќи нема законски определена локација за нова депонија.
Инаку, уште минатата година струшките советници усвоија „Иницијатива за дислокација на депонијата“, со која Одделението за локален економски развој, заедно со формираната работна група, требаше да изнајдат решение за нејзина дислокација. Врз основа на оваа иницијатива градоначалникот потпишал Меморандум за соработка со странски партнер за реализација на инвестициски проект за овозможување на изградба на депонија. Потоа побарал од Министерството за животна средина насоки за продолжување на процедурата, а истовремено предложил и две локации за отварање на нова депонија – едната во атарот на селото Мали Влај, другата во атарот на селото Прискупштина. Ресорното министерство дало одговор и насоки по барањето, кои за Локалната самоуправа се непрецизни и претставуваат стопирање на понатамошната постапка и продолжување на агонијата на стружани со овој долгогодишен проблем.
Од дописите кои ни ги достави директорот Каба, се глада дека преписките помеѓу Комунално, општина Струга и МЖСПП продолжуваат а проблемот на терен останува. Ќе остане ли се само на преписка или конечно ќе се најде решение за овој сериозен проблем.
{loadposition content9}