Струшката СДСМ ја објави листата со кандидати за советници
Празен простор е оставен за предлогот за кандидат за прв човек на Струга.
лого

Општинскиот комитет на СДСМ од Струга ги обелодени потенцијалните кандидати за советници од оваа партија. На конференцијата на оваа партија јавно пред 71 делегат беа презентирани имињата на 27-те евентуални советници. ТВМ ви презентира само десет од нив. Носител на листата е претсетдателот на огранокот, Александар Попоски, покрај него за кандидати се предложен: Илија Мацески, Наташа Пинтоска, Даме Ложанкоски, Ромил Санџакоски, Вида Дукоска, Борче Мижимакоски, Богоја Пејоски, Александар Нестороски како и Богоја Клечкароски. Овие и останатите кандидати се предложени од месните организации и реони кои ги посетија претставниците на оваа партија. Измени во листата мпжат да настанат само доколку некој од кандидатите се кандидира за прв човек на Струга, или поради здравствени причини.
„Оваа листа е официјална. Годинава порано ги објавивме со цел граѓаните да можат да се запознаат со нив, и да увидат со какви програми за работа ќе настапат тие“-вели Александар Попоски, претседател на ОК СДСМ од Струга.
На конференцијата, остана отворено прашањето, кој од оваа партија ќе биде кандидат за прв човек на Струга. Од СДСМ велат дека одговорот на ова прашање подолго време ќе остане енигма.
„Сеуште е рано, до локлните избори има многу време. Отворени сме за соработка со сите политички партии. Не сакам да шпекулирам со имиња за евентуални кандидати за градоначалник“-додава Попоски.

{loadposition content9}