Skip to main content

Струшката жена во политиката

Сервер Шашко, како поранешен советник во струшкиот совет зборува за искуствата, на тема колку жената е вклучена во политиката.

 |  Билјана Колоска  | 
Sever Sasko
Север Шашко
Сервер Шашко, како поранешен советник во струшкиот совет зборува за искуствата, на тема колку жената е вклучена во политиката.

Проследете ги нејзините искуства во политиката.
1.

 

Бидејќи вие бевме дел од минатиот состав во советот на општина Струга, со кои потешкотии се соочувавте во вашето работење, дали почувствувавте полова дисктиминација?

Според мене, советот работеше доследно. Ние од 27 членови бевме само 4 жени. Сметам дека  и таа бројка е можеби и по некоја случајност, бидејќи обично се вели дека политиката е само за мажи со што јас воопшто не се согласувам. Во моето искуство во советот, од колегите од посилниот пол  бевме респектирани.

2.

Што треба да се направи за да се зголеми бројот на жени инволвирани во политиката?

Конкретно во Струга, за време на изборите кога се подготвуваа списоците со кандидати за советници, мислам дека се одеше по некоја формула,  секој трет на списокот на биде жена, јас не се согласувам со тоа. Дајте да ги видиме квалитетите жените, и таа може да одлучува и  да пресече, зошто да неможе жена да биде претседавеч на совет? Треба да има рамноправност, а не само да се употребуваат математички формули.

3.

Колку се застапени етничките малцинства во политиката и на кој начин  жените треба повеќе да се вклучат во оваа област?

Sever SaskoЕтничките малцинства се застапени по бројот на жители во нашата општина, меѓутоа ние турците сме околу 5% но таа бројка не задоволува. Во новииот состав на советот, нема претставник од турците. Мислам дека ние избивме  многу, ако има барем еден претставник од оваа етничка заедница ќе покренат многу прашања за оваа група граѓани.

4.

Која е вашата анализа за новиот струшки Совет?

Етнички, турчин нема, не сум запозната дали има влав, но полово, 20 се мажи, 7 жени. Значи од тој  аспект ние жените сме добиле место во овој состав. Би им препорачала на сите членови, да мислат за сите етнички заедници, бидејќи кога бев јас советник во петходниот мандат никогаш не мислев само за турците,се борев за сите граѓани од оваа  општина.

5.
Која е вашата порака за сите жени кои сакаат да се вклучат во политиката?

Да не се плашат. Секогаш  треба да се почне од нешто. Јас почнав од ученичка, во пионерска организација, во младински па студенски организации, сум ги покажала моите квалитети на различни начини. Така почнаа мажите да ме инволвираат во секакви активности, во организации, партиски или политички акгажмани. Тоа на некој начин беше и виза за да се впуштам во политика.