Skip to main content

Заштита на историските наслови

Струшката библиотека ги заштитува вредните книжевни збирки

Струшката библиотека ги заштитува вредните збирки. Роднокрајната збирка за историјата на општина Струга и единствената збирка на Струшките вечери на поезијата ќе бидат под специјален режим на чување. Дополнително, со 200 илјади денари годинава ќе се збогати книжниот фонд, подеднакво ќе се набавуваат книги на македонски и албански јазик. Струга има читателска публика, во библиотеката просечно месечно има по 700 членови.
 |  инфодеск  | 
Струшка библиотека

Струшката библиотека ги заштитува вредните збирки. Роднокрајната збирка за историјата на општина Струга и единствената збирка на Струшките вечери на поезијата ќе бидат под специјален режим на чување. Се подготвува засебен простор каде ќе бидат исполнети условите на потребната температура, влага и светлина. Приоритет е заштита на вредните историски наслови.

Дополнително, со 200 илјади денари годинава ќе се збогати книжниот фонд, подеднакво ќе се набавуваат книги на македонски и албански јазик.

Ние мора тие примероци да ги зaштитиме бидејќи се дел од националната култура на Македонија не само на Струга. Книгите се заштитени сега се планира Центарот за култура од сопствени средства да ослободи простор за да биде комплет зачуван целиот книжен фонд. Да се избегнат просториите со влага и просториите каде што нема доволно светлина – вели Николина Велкоска, директор на ЦК „Браќа Миладиновци“ Струга.

Струшка библиотека

Со илјада евра од годишната програма на министерството за култура ќе се збогатува и книжниот фонд на подрачната библиотека во Вевчани. Ќе се набавуваат книги согласно потребите на читателите.

Ние ги правиме сите напори за литературата која ја бараат читателите да биде достапна. Исто така имаме и своја подрачна библиотека во Вевчани и таму се трудиме да ја набавиме потребната литература согласно барањата на читателите – вели Велкоска.

Струшка библиотека

Струшката библиотека располага со засебна читална и фонд од 90 000 книги. Лектирни изданија за учениците од основните и средните училишта, но и слободна и стручна литература. Струга има читателска публика, во библиотеката просечно месечно има по 700 членови.

Струшка библиотека
Струшка библиотека
Струшка библиотека

Новинар : Соња Рилковска