„Со задоволство ве информираме дека за да излеземе во пресрет на барањата и потребите на нашите граѓани, започнавме со работа на нова локација во Струга“, информираат од Локалната Самоуправа на Општина Струга.
Општинската администрација се пресели во нова зграда, на улицата „Партизанска“ до Мост на Поезијата.
Ве молиме, отсега за сите Ваши барања и потреби повелете во новата зграда на институцијата бидејќи старата зграда во моментов е нефункционална. Му благодариме на целиот тим за успешната реализација на овој проект и посакуваме успех во работата – додаваат од Локалната самоуправа на Општина Струга.