Skip to main content

Струшкиот кајакарски клуб „Црн Дрим“ згаснува

Напорни тренинзи, а ниту едно првенство. Неколкуте кајакари бараат џентламенско заминување од актуелното раководство.

 |  Колоска Билјана  | 
kajakar
кајакар

Напорни тренинзи, а ниту едно првенство. Неколкуте кајакари бараат џентламенско заминување од актуелното раководство.

kajakarСтрушкиот кајакарски клуб пред колапс. Освен натписот „Црн Дрим“, од кајакарскиот клуб денес  ништо не може да се види. Просторијата каде се чуваат кајаците, е целосно руинирана. Вратите на клубот, затворени. Клубот кој некогаш броеше повеќе од 60 членови, сега остана со само 10-тина. 16-годишниот Дарко Дурацоски поранешен државен првак на Македонија во кадетска конкуренција, денес може да се радува само на медалот и минатите успеси. Вели целиот негов труд, паднал во вода.

„Се подготвувавме напорно за првенство во државава за да ни се јават едно утро и да ни кажат оти нема да одиме, без претходно да дадат образложение за тоа“-вели кајакарот  Дарко Дурацоски.

Преголемата љубов кон кајакот неможе да не остави рамнодушни, велат долго годишните членови на клубот. Од време на време самоиницијативно тренираме, колку да се види дека сеуште егзистира овој клуб, со единствена  надеж дека ќе се вратат старите добри времиња,  велат кајакарите.  

Струга до пред некоја година беше град со најдобри кајакари, во државава но и надвор од неа, раскажува поранешниот претседател на кајакарскиот клуб. И тој е загрижен за сегашната состојба на истиот, вели  дека опасноста за негово дефинитивно затварање е тука. Врвните кајакари кренале раце од клубот „Црн Дрим“, додава Томе Кочовски, поранешен претседател на клубот.

Иако директно не сум инволвиран во овој клуб, се трудиме заедно со кајакартите да го одржуваме клубот, односно неговиот пулс, вели поранешниот тренер. Си дадов оставка бидејќи бев попречуван во мојата работа од страна на актуелното раководство, вели Коста Хиохи. Од моето заминување, работите одеа надолу,  па затоа по барање на кајакарите,  решив самоиницијатвно да ги тренирам, истакнува Хиохи. Тоа го правам поради големата љубот кон овој спорт, додава тој.

„Се надеваме на џентламеснко заминување на актуелното раководство, во спротивно ќе го искористиме нашето легитимно право да свикаме собрание и да назначиме ново раководство“истакна Хиохи.

Додава оти веќе се собрани потписи од членовите на клубот кои ја подржуваат оваа иницијатива.
Во интерес на објективното информирање, ТВм стапи во контакт и со актуелното раководство на клубот „Црн Дрим“. Го побаравме претседателот Климе Нанушески, за да го слушнеме неговиот став за состојбата во која се наоѓа кајакарскиот клуб. Во краткиот телефонски разговор прво ни кажа дека не е наша работа да се интересираме за работата на клубот, а  се дрзна и да го спречи наштео право да информираме за состојбата. Епилогот од разговорот беше- Немам коментар.

{loadposition content9}