Skip to main content

Струшкиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ со голема подршка

Кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ од Струга доби подршка од четири политички партии.

 |  Татјана Маленкова  | 
Slavko Koteski
Славко Котески
 „Мојот концепт не е етнички, јас не се кандидирам како македонец, туку ја нудам мојата кандидатура на сите граѓани на Струга“, рече денеска кандидатот за грдоначалник Славко Котевски.

Четири политички партии од Струга, го подржуваат Славко Котевски, кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ. Ова денес беше изјавено на пресс конференцијата.

„Уверен сум дека соработката што ја воспоставивме , ќе ја продолжиме во текот на целата кампања, бидејки тоа е битно за успешни фер и демократски избори, рече кандидатот за градоначалник  Славко Котески.

„Каква е Струга денес, може многу да се зборува, меѓутоа многу малку да се каже. Узурпирањето на градот е евидентно од сите аспекти“, рече Котевски.

Зад кандидатурата на Котевски за градоначалник застанаа ДОМ, Социјалистичката партија на Р Македонија демократскиот сојуз на власите од Македонија и Демократскиот сојуз.

Slavko KoteskiКандидатот за градоначалник беше запрашан за коментар по однос на ставот на албанскиот политички блок кој повика на единство во вториот изборен круг.

„Мојот концепт не е етнички, јас не се кандидирам како македонец, туку ја нудам мојата кандидатура на сите граѓани на Струга“. Очекуваме по завршувањето на кампањата дека и дел од албанската нација ќе свати дека нивниот вистински избор е мојата кандидатура. Не очекувам во вториот круг да има групирања, на една страна македонци на друга албанци, без оглед на тоа што голема варијатност е во вториот круг да се соочам со кандидат албанец“.

Новинарите од Котевски побараа и коментар за случувањатат во Нико Нестор.

„Ова е обид на ефтин начин да се дојде до скапи политички поени кај албанскиот политички блок, рече Котевски.

Зад мене стои квалитетен тим од сите профили на кадри, рече Котевски. Имам целоска подршка од власта, од премиерот. Тоа е гаранција дека сите проекти ќе ги оствариме наврамено. Струга има огромни развојни предности кои досега не се искористени.Нудам стабилен, амбициозен но реален  концеп. јас знам што и треба на Струга, а граѓаните знаат кој е адвокатот Славко Котевски, рече Котевски на денешната пресс конференција во Струга.

 

 

 

{loadposition content9}