Skip to main content

Од струшките кандидати за градоначалници,ви го претставуваме Менди Чура

Иако знае дека градоначалничката функција носи многу обрвски вели, дека умее  да се справи со нив и истовремено да не го запостави семејството.

 |  Билјана Колоска  | 
Mendi Cura
Менди Чура
Иако знае дека градоначалничката функција носи многу обрвски вели, дека умее  да се справи со нив и истовремено да не го запостави семејството.

Менди Чура, кандидатот за градоначалник од ДПА е фамилиарен човек, сопруг веќе 20 години и татко на три деца. Струшката јавност го знае како сопственик на градежната фирма „Трим и Лум“. Овој бизнис самостојно го започнал пред 10-тина години и од тогаш како што вели успешно му тргнала работата. Во неговата фирма има околу 100 вработени и тоа од сите етнички заедници. Поголемиот дел од денот, Чура го поминува на нработното место. Сепак вели, умее да го организира времето и да и му се посвети на семејството.
Чура е свесен за обврските кои ги носи градоначалничката  функција и вели дека ќе може да се справи со истите. Сопругата  на Чура е убедена дека нејзиниот брачен партнер нема да го запостави семејствтото доколку биде прв човек на Струга.

Mendi CuraToj кажува дека често на семејството му приредува изненадувања и во никој случај не ги заборава родендените на своите блиски. Вели дека со возрасните знае  да биде возрасен,  а со младите да се врати во младоста.
Менди Чура уште од детството го сака фудбалот, токму поради сега тој неуморно инвестира во спортот. Тој го спонзорира струшкиот фудбалски клуб „Влазними“. Големата желба за овој спорт му дава уште поголем мотив на Чура , доколку биде градоначалник да инвестира во спортот. Бидејќи одреден период бил директор на хотелот „Изгрев“ вели дека заложбите за подобар туризам се на приоритетната листа.
48 годишниот Менди Чура родум е од село Биџево-струшко, инаку по професија е земјоделски инжијнер.

 

 

{loadposition content9}