Струшките политичари „се заколнаа“ на фер и демократски избори
Само на овој начин ќе се докаже дека во секој град може да се реализира мирен избирачки процес.
парламенатрни избори
Претстојните локални и претседателски избори во Струга да се одржат во мирна и фер атмосфера. Дека тоа може да се реализира покажаа последните предвремени избори. Струга важеше за град каде немаше инцидент со кој би се попречил изборниот процес. Тоа ќе се потврди и на следните избори само доколку политичките субјекти заеднички делуваат. „За тоа пред се треба максимално да се ангажира владеачката Врмот Дпмне, а не да трошат пари за кампањи и рекламни спотов. Има каѓацитет и за реализирање на фер избори и тоа СДСМ го докажа“- истакна Даме Ложанскоски.
„Тука би го демантирал колегата од СДСМ. Можам да кажам дека во изминативе години сите политички партии учествуваа во нарушување на изборниот процес, вклучително и СДСМ“-вели Ванчо Трајаноски, од ВМРО ДПМНЕ.
Изборниот процес треба да се реализира како и во секоја странска земја, без да се нарушуваат правата на гласачите. Пред се неопходно е да се спречи семејното и гласање во име на друг. Од двете поголеми поитички партии од албанскиот блок рекоа дека се залагаат за елиминирање на ваквите појави.
„Изборите се свечен чин, сигурен барометар за вреднување на политичката зрелост во општеството. Ние уште еднаш ќе докажиме дека сме подготвени за тоа„- рече првиот човек на градот, Рамиз Мерко.
Како никогаш досега овој момент е значаен да го искористите и да докажете дека Македонија знае да спроведе фер гласање без насилство и неправилности. „Ако тоа се почитува, тогаш автоматски се постигнуваат 2 ефекти, почитување на правото на глас на граѓаните и интегрирање во ЕУ“- порача Марија Луиса Силва Мехијас од UNDP.
Политичките структури, невладините организации, државната изборна комисија, како и градоначалникот, ветија дека ќе се соединат со цел во Струга да се спроведат фер и демократски избори. Ова беше кажано да денешната трибина за борбата против Семејното и гласањето во име на друг под мотото “Еден гласач-еден глас“.

{loadposition content9}