Струшките социјалдемократи ги повикаа партиите на фер избори
Струшките социјалдемократи ги повикаа партиите заеднички да се потрудат изборите во градот да поминат во фер и демократска атмосфера. Апелираат до граѓаните масовно да излезат на гласање и да помогнат во создавањато на Европска Македонија.
лого
Струшките социјалдемократи ги повикаа партиите заеднички да се потрудат изборите во градот да поминат во фер и демократска атмосфера. Апелираат до граѓаните масовно да излезат на гласање и да помогнат во создавањато на европска Македонија.
Тие ги повикаа политичките партии да покажат зрелост и на овие избори интересите на граѓаните да бидат пред интересите на партиите. Носителот на листата за советници на СДСМ, Александар Попоски, рече дека неговата партија не е во целост задоволна од начинот на кој се одвивале изборните кампањи на политичките опоненти.
Имајќи го предвид фактот дека овие избори се одлучувачки за европската иднина на Македонија, Попоски апелира до граѓаните да не обрнуваат внимание на последните повици за бојкот на изборите, туку напротив, масовно да излезат на гласање.
Од СДСМ ги осудуваат ваквите начини на притисоци и велат дека ова е само дел од минатото на Македонија. Ветија дека максимално ќе вложат напор изборите да поминат во фер и демократска атмосфера. Ги повикаа гласачите, без разлика на верска и национална припадност, да излезат на гласање и да ја дадат довербата за советничката листа на СДСМ, кандидатот за градоначалник Фијат Цаноски и претстедателскиот кандидат Љубомир Фрчкоски.

{loadposition content9}