Skip to main content

Струшкиот совет заседаваше по 49-ти пат

Советниците ја покажаа својата хуманост, прифаќајќи ја предлог одлуката да му се помогне на семејството Даути.

 |  Билјана Ќосеска  | 
opstina Struga
општина Струга
Советниците ја покажаа својата хуманост, прифаќајќи ја предлог одлуката да му се помогне на семејството Даути.

49-тата седница на советот на о.Струга им ја разбуди хуманоста на советниците. Советникот Беким Кица ја покрена иницијативата за да му се помогне на семејството Даути од село Радолишта.  Тие бараат од советот да им даде одобрение за изградба на куќа за семејството во кое живеат две деца со инвалидитет. Кица ги замоли неговите колеги да бидат хумани и да се одобри оваа предлог одлука со цел семејството Даути да биде ослободено од секакви трошоци при изградба на објектот. Идеата беше еднакво прифатена од страна на речиси сите советници.

sednicaСоветникот Алексиески ја подржа оваа предлог одлука но истакна дека општина Струга  неопходно е да им даде можност на сите лица со хендикеп  да можат да ги искористат ваквите поволности.

На денешната седница се дискутираше и околу  Предлог- Планот за програми за развој на општина Струга за 2009-2011. Советниците се незадоволни од проектите кои локлната самоуправа ги има наведено за развој на градот. Реагираат оти немале можност тие да дадат свои предлози.

На 49-тата седница на советот на о.Струга меѓу другото се изгласа и  предлог програмата за дочек на Новата 2009 година.

 

 

{loadposition content9}