И струшките средношколци кажаа „не “ за лошите реформи во образованието
Со скандирања и транспаренти, средношколците од двете гимназии од Струга излегоа на протест, на кој бараа целосно укинување на екстерното тестирање и враќање на стариот концепт на матура.
Струшките средношколци од сите етникуми денес се приклучија на протесниот марш против екстерно и математика како трет задолжителен предмет од државната матура. Стотина ученици од двете гимназии во Струга „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“ го кажаа своето „не“ за лошите реформи, и со кренати транспаренти извикувајќи „Доста беше молк“, „Не за математика“, „Ние сме иднината“, продефилираа од чаршискиот мост по двата кеја на реката Црн Дрим, и низ струшката чаршија.
„Бараме да не е задолжена математика, односно бараме да се воведе стариот начин на полагање на матурата, бараме приемен испит на факултетите и целосно укинување на екстернот тестирање“. „Ова што го прави власта е експеримент со учениците цело време воведуваат некои нови реформи со кои наместо да се подобри образованието тоа се руши се повеќе и повеќе а со тоа се рушат и правата на средношколците. Добро е да се воведуваат нови проекти но истите да бидат во соработка средношколците донесени а не како што друг некој ќе одлучи“ – велат учениците.
Средношколците порачаа дека властите треба да се плашат од нив, бидејќи ја изнервериле нивната доверба како и тоа дека сите заедно се многу моќни.
Протестен марш, освен во Струга, одржаа и средношколците од неколку градови низ земјава. Лошото време не ги спречи учениците да излезат и да протестираат против, како што велат, лошите реформи во образованието.
{loadposition content9}