Skip to main content

Струшки вечери на поезијата годинава со нов лик

Манифестацијата „Струшки вечери на поезијата“ и годинава ќе се организира на високо ниво, најавуваат од Управниот Одбор. Општина Струга ќе продолжи  и понатаму да биде дел од организацијата, велат од таму.

 |  Билјана Колоска  | 
SVP
СВП
Манифестацијата „Струшки вечери на поезијата“ и годинава ќе се организира на високо ниво, најавуваат од Управниот Одбор. Општина Струга ќе продолжи  и понатаму да биде дел од организацијата, велат од таму.

Управниот одбор веќе има концепт како ќе се одвива целата манифестација. Славе Ѓорго Димоски, претседател на управниот одбор на СВП,  информира дека на годинешното издание на фестивалот се предвидува да учествуваат 70-тина странски поети и 50 од Македонија.

Од писателите низ целиот свет поканата за  учество на реномираниот фестивал, досега ја прифатиле 50 учесници, кажува Димоски.

SVPГодинава, од државниот буџет за потребите на СВП се одвоени 5 милиони денари. Димоски вели дека реално оваа сума е мала.

Бидејќи фестивалот е државна манифестација и е финансирана од буџетот на Р.Македонија, Општина Струга нема никаква финансиска обврска, но како домаќини, вообичаено ќе ја  помогнеме истата, велат од таму.

За прв пат годинава, во склоп на фестивалот ќе се организира промоција на Охридското езеро. Предвидено е да се реализира „Вечер на поезија на Вода“, која би се одржала на наколното живеалиште во Охрид, каде би се читала норвешка поезија.

Инаку, годинашен добитник на „Златниот венец“ на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ е словенечки поет, Томаж Шаламун.

Добитник на наградата „Мостови на Струга“ за најдобра дебитантска книга е сенегалски поет,  Усман Сар – Сарус.

 

{loadposition content9}