Казнено поправната установа од отворен тип која се наоѓа во населбата Теферич, во близина на градот Струга ќе биде реконструирана и наменета за сместување на женските осуденици од земјава. Планот е да се направи адаптација, подобрување на капацитетите, а потоа женското одделение од затворот Идризово да се префлри на Теферич.
–Ги видовме состојбите ги видовме капацитетите ја реактуелизиравме идејата за отворање на компелтно женски затвор во Струга со тоа што би се преадаптирале, со тоа што овие затвореници ќе бидат преместени во друг затвор. Одма штом се договориме со сите коалициони партнери. Се договоривме да подготвиме еден идеен проект за почекот и тогаш ќе знаеме за колкави финансии станува збор, вели министерот за правда Игор Филков.
Струшкиот затвор има два ката и шеталиште. Опколен е со ѕидови, има двор со зеленило и ограда, нема посебно обезбедување Капацитетот на oбјектот е 60 затвореници , но со доградба и адаптација може да се сместат и 80 затвореници со низок ризик.
– Ја промовиравме идејата затворот во Струга да стане женски затвор. Условите во затворот мислам капацитетите имаме доволно, мислам дека треба реновирање, интервенција и и политичка волја за измена на законот да се реализира идејата. Состојбата моментално ни е како што е треба да се инстервенира, капацитетите треба да се зголемат, вели Ардит Мустафаи директор на затворот во Струга.
Од април годинава со ново законско решение во струшкиот затвор се сместуваат само осуденици за дела од небрежност. Според надлежните затворот во Теферич кој е од отворен тип нуди добри услови за ресоцијализација на осудениците.
– Местоположбата на затворот е тоа што е близу до градот ќе му се дава можност на жените да може да ги искористат сите погодности, да може да работат во градото со цел истите да бидат ресоцијализирани, вели Ардит Мустафаи директор на затворот во Струга.
Министерот за правда вели во сите затвори во земјава условите се лоши потребни се инвестиции.
–Да бидеме јасни секаде треба да се интеревенира во ниеден затвор во државата условите не се сјајни. Така да каде и да одиме го гледаме истото не е вложувано со децении, рече Филков.
Во населбата Теферич, каде е сместен казнено-поправниот дом, има голем број семејни куќи. Соседите со години бараат преместување на , без разлика на профилот на затворениците, кои се сметаат за осуденици од низок ризик.
Новинар Соња Рилковска