Струшките средношколци без проблеми седнаа во училишните клупи
Гимназијалците во Струга немаат доволно клупи и столчиња. Во училишниот комплекс место нема за 6 паралелки.

Во Нико Нестор пак, се бара начин како да се реконструираат санитарните јазли и дограмата на училиштето.
Нема делба ниту по етнички ниту по јазични смени, наставата се одвива по стариот терк. Во една смена наставата ја следат учениците од прва и трета година, додека во другата се средношколците од втора и четврта. Учениците од гимназијата „Ибрахим Темо“ на стартот од учебната година, освен со недостаток на просторни услови, не се соочуваат со други проблеми. Без клупи и столчиња останаа речиси шест паралалеки.
„Сме побарале од министерството за образование и наука како и и од Локалната самоуправа од Струга, да ни помогнат околу решавање на овој проблем, но досега нема никаков одговор ниту евентуален предлог“-вели директорот на гимназијата Ибрахим Темо, Муса Мусаи.
Заеднички недостаток на стручното училиште Нико Нестор и гимназијата Ибрахим Темо, е поставувањето на видео надзор. Првите луѓе на двете училишта укажуваат на реалната потреба од инсталирање видео камери околу и во училишните комплекси.
„На училиштето му е потребно поставување на видео камера во дворот, холовите и влезовите. Со тоа би имале поголема прегледнос врз учениците“- истакна Драгица Добреска, директор на средното стручно училиште Нико Нестор. Додава дека за сторителите кои ќе го нарушуваат јавниот ред и мир во училиштето, ќе бидат превземени строги мерки.
Бидејќи во двете училишта има компјутер за секое дете, директорите на двете училишта велат дека недостасуваат ноќни чувари. Видео надзорот ќе им помогне на чуварските служби при обезбедување на училишните комплекси. Заеднички е ставот на првите луѓе на училиштата, за да не се повторат минатогодишните инциденти помеѓу македонците и албанците, треба заедничко делување со Локалната самоуправа и министерството за образование и наука.
Градоначалникот Рамиз Мерко истакна дека како и досега, ќе вложат напори учениците од сите етнички заедници да бидат заедно. Апелира до средношколците, родителите и професорите, да го градат соживотот и да не предизвикуваат тензии.