Струшката гимназија “Ибрахим Темо“ со нови училници
Проблемот долгорочно ќе се реши само со изградба на нова училишна зграда, вели директорот.
Niko Nestor
Проблемот долгорочно ќе се реши само со изградба на нова училишна зграда, вели директорот.
Се обезбедуваат дополнителни простории во средното училиште „Ибрахим Темо“. Во тек се градежните зафати за доградба на уште 4 училници во склоп на гимназијата. Новите простории се прават над сегашната спортска сала. Со изградба на доплнителните простории „Ибрахим Темо“ ќе има вкупно 25 училници. Доколку се извршат јазични делби училиштето нема да ги реши проблемот со недостиг на простории. Поради тоа првиот човек на гимназијата ги потврди информациите кои ТВМ неодамна ги објави дека ученици од ова училиште настава ќе одржуваат и во Заводот за вработување. Од него ќе позајмат само три училници. Ова ќе биде привремено решение до крајот на школската година а истовремено да се одговори и на барањата на учениците македонци.
„Дефинитивно ќе има јазични делби, така вети министерот и ние како директори ги извршуваме наредбите. Но од следната учебна година кога доаѓа нова генерација ќе се повтори истиот проблем со недостаток на ростории“-вели Муса Мусаи, директор на СОУ „Ибрахим Темо“.
Тој апелира до министерството за образование да изнајде долгорочно решение доколу истото настојува да има јазична делба.
„Вака со градење на 2-3 училници проблемот може да се надмине само во моментов но нас ни треба долгорочно решение“-додава Мусаи.
За градежните работи кои се превземаат, министерството за образование, на сметка на Гимназијата ќе префрли 8 милиони денари.

{loadposition content9}