Skip to main content

Река црн дрим

Стружанец фатен со нелегално уловена јагула

Приведен стружанец кај кого полицијата пронајде нелегално уловена јагула. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
 |  инфодеск  | 
Црн Дрим Струга

На 18.11.20220 година во 22:30 часот, поради сторен прекршок по член 113 од Законот за риболов и аквакултура, во ОВР Струга приведен е О.Д.(24) од Струга.

При преглед извршен на крајбрежјето на реката Црн Дрим во близина на Струга, полициските службеници пронајдоа и одзедоа торба, негова сопственост, во која имало уловена јагула. По целосно документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.