Се трага по 60 годишен стружанец кој исчезнал во реонот на село Брчево
Три члена екипа од ПСС при Црвен крст Охрид и водич на куче за пребарување од здружението „Куче Спасител“ од Охрид, во координација со Струшката полиција, од утрово се на терен во обид да се лоцира исчезнатото лице.
Во текот на вчерашниот ден, доцна попладне во 18:38ч. оперативниот центар на Планинската спасителна служба (ПСС) бил алармиран од МВР секторот за потраги по исчезнати лица, дека во реонот на село Брчево, исчезнат е жител на Струга (60 годишна возраст), со потекло од селото, кој претходниот ден се упатил да собира шумски плодови и се до 16.30ч. (според соседите од селото) не се вратил во својата викенд куќа.
Три члена екипа од ПСС при Црвен крст Охрид и водич на куче за пребарување од здружението „Куче Спасител“ од Охрид, во координација со Струшката полиција, од утрово се на терен во обид да се лоцира исчезнатото лице. Акцијата е во тек.