Стружанец искасан од кучиња скитници
Стружанец нападнат од кучиња скитници. Драган Пејоски едвај спасил жива глава од чопор агресивни бездомни кучиња. Тој се здоби со повреди на екстремитетите кои му биле санирани во општата болница во Охрид. За тоа колку крвнички бил нападнат зборува негов сограѓанин очевидец. Струга и Охрид вријат од кучиња скитници а ветувањата за регионален стационар никако да се реализираат.
Стружанец денеска искасан од глутница кучиња. Драган Пејоски додека шетал покрај Женска плажа, бил нападнат од кучиња скитници. Тој тврди дека со ништо не ги вознимирувал кучињата но во еден момент од групата се издвоило едно куче кое агресивно тргнало кон него.
„Јас во моментов станав и почнав да се враќам наназад демек земам камен да се одбранам. Борејќи се со кучето тоа беше агресивно многу и ми се фрлаше во нозете да ме касни. И додека бев навален да земам камења секундарно се затрчаа 7-8 кучиња и му бувнаа и така сите почнаа да ме т6ргаат и касаат. Не дај Боже да беше жена или дете јас ви гарантирам дека немаше да остане жива“ раскажува Пејоски.
Сведок на драмата која се случувала додека Пејоски се обидувал да се одбрани од агресивните кучиња бил неговиот сограѓанин Иван Андреевски.
„Слушнав некоја галама чопор кучиња, излегов надвор човекот беше долу кучиња буквално го јадеа не го гризеа и незнам се развикав се размавтав со торбицата кучињата разбегаа човекот беше лом направен“ – вели Андреевски.
Проблемот со кучињата скитници со години наназад се провлекува не само во Струга туку и во Охрид. Граѓаните постојано алармираат и бараат од општинските власти решавање на проблемот. Со години наназад се ветува изградба на еден современ регионален стационар за општините Охрид, Струга Вевчани и Дебрца каде бездомнте жиотни ќе се третираат на еден хуман и етички начин. Денешниов инцидент со несреќниот стружанец треба да ги отрезни градските власти дека замижувањето пред проблемот со кучињата скитници некого може да го чини живот.
{loadposition content9}