Skip to main content

Вработен во Управата за имотно-правни работи во Струга доби кривична за лажни решенија за приватизација на земјиште

Според пријавата, лицето било вработено во Министерството за финансии – Управа за имотно-правни работи Струга, на работно место советник и овластен потписник на акти.
 |  инфодеск  | 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 61-годишно лице од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „несовесно работење во службата“ и „фалсификување службена исправа“.

Според пријавата, лицето било вработено во Министерството за финансии – Управа за имотно-правни работи Струга, на работно место советник и овластен потписник на акти.

Како што соопштува СВР Охрид, во текот на 2022, 2023 и 2024 година, злоупотребувајќи ја својата положба и овластување, изработувало лажни решенија за приватизација на земјиште на други лица, самоволно им втиснувало службен печат за правосилност и ги испраќало до Одделението за катастар на недвижности Струга. Притоа, според пријавата, решенијата претходно не биле испраќани до надлежна институција за мислење.