На 05.07.2022 во 14:50 часот во СВР Охрид пријавено е дека на плажа во близина на авто-камп кај Струга во водите на Охридското Езеро било забележано удавено лице.
На местото на настанот, увид извршија Јавен обвинител, полициски и медицински екипи, при што констатирано било дека се работи за В.Ц. (66) од Струга, врз чие тело не се забележани видливи траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството – информираат од СВР Охрид.