Проблеми со водоснабдувањето во Струга
Стружани да не ја користат за пиење водата од градскиот водовод
Од ЈП Водовод и канализација Струга апелираат до граѓаните да не користат вода до следното известување.
Повторно проблеми со градскиот водовод во Струга. Од ЈП „Водовод и Канализација“ информираат дека водата не треба да се користи за пиење.
„Поради дефект на водоводна мрежа, водата во градот Струга моментално не е за пиење. Работните тимови на претпријатието се на терен за решавање на проблемот.“ – објавија од ЈП „Водовод и Канализација“ – Струга.
Од претпријатието апелираат до граѓаните да не користат вода до следното известување.


