Стружани денес оддадоа почит на жртвите од пожарот во Кочани
Стружани денес оддадоа почит на жртвите од пожарот во Кочани.

Во организација на Здружението „Аква“ денеска Во Паркот на поезијата во Струга им беше оддадена почит на жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани.
-Денеска, со длабока почит и солидарност, им оддадовме чест на жртвите од трагичниот пожар во Кочани. Младите и жителите на Струга, во тишина и со запалени свеќи, оддадоа почест на секој изгубен живот, споделувајќи болка и поддршка со нивните семејства, посочуваат од „Аква“.
-Струга и стружани се со Кочани – во мислите, во срцата и во солидарноста!, велат од Здружението „Аква“ .







