Skip to main content

Стружани ќе добијат капела

Струшките гробишта за брзо време ќе имаат капела. Моментално состојбата таму е лоша поради многу причини, на кои досега никој не обрнал внимание, вели првиот човек на ЈП „Комунално“ Струга, Петко Кутаноски.

 |  Биљана Николоска  | 

grobishta Гробиштата и на православните и на муслиманите планирено е да бидат на едно место. Обраснати во трева, неуредени парцели, расфрлан смет, кучиња скитници е само дел од лошата слика со која се сретнуваат секојдневните посетители на гробните места.
Досега на струшките гробишта не беа решени имотно правните односи. Тоа се смета како основна причина на незавидната состојба во која години наназад се наоѓаат гробиштата во Струга.

Сосем свесен за состојбите, првиот човек на комуналното претпријатие Петко Кутаноски, вели дека работите полека но сигурно се средуваат, надминати се проблемите и веќе овој месец капелата ќе биде во нејзина соодветна употреба.
Кутаноски наведе и други работи во однос на ова прашање кои во наредниов период треба да се реализираат. Во дел од нив спаѓа, оградување на гробиштата, воведување на погребална такса која е најнеопходна за реализација на плановите на претпријатието и озеленување на просторот за што Кутаноски посебно обрна внимание.


“Во долгорочната политика на „Комунално“ од Струга  за годинава зацртано е сите делови кои работат во рамките на претпријатието да се на едно место заради поголема економичност и функционалност.”- потенцира Кутаноски.


Кутаноски вели дека ќе се отвори простор за работа на стручни кадри во делот на капелата. На претпријатието заради претрупаност со работна сила му претстои систематизација, нема да има отпуштање туку прераспределба на работни места и задачи. Доколку некој не сака да прифати ќе биде технолошки вишок, додава Кутаноски.


{loadposition content9}