Skip to main content

Стружани се капат во чиста вода

Последните анализи покажуваат дека водата на атрактивните плажи се од прва но и втора класа.

 |  Колоска Билјана  | 
Saso Tockov
Сашо Точков
Во Струга, атрактивните плажи имаат квалитетна вода за капење. На „Машка“, „Женска’, „Галеб“ и „Евро“ плажите, кои најчесто се доста посетени од капачи, водата е од втора категорија, и истата може да се користи за капење, спорт и рекреација.

kapaciРезултатите од последното испитување од страна на Заводот за здравстевна заштита покажуваат дека водата од Охридското езеро на струшкото крајбрежје воглавно е чиста и истата може да се користи за капење, спорт и рекреација. Анализите од површинската вода од вкупно 13 примероци покажуваат дека водата во крајбрежниот дел е од прва  и втора класа. Од трета категорија пак  е реката Сатеска, и истата како што е познато е загадувач на Охридското езеро.
Бидејќи во летниот период, има голем број граѓани кои се разладуваат во базени во струшките хотели, испитувања на квалитетот на водата се направени и таму.

„Направивме анализи на водата од базените „Хотел Дрим“ и „Макепетрол“. И кај двата водата е од прва класа“- истакна Сашо Точко од  Завод за Здравствена Заштита.

Од таму, квалитетот на езерската вода ја  следи постојано. Испитувања се прават секој месец.

{loadposition content9}