Skip to main content

Стружани масовно, излегоа за Водици

Ладното време не ги спречи Стружани заеднички да го прослават празникот Водици.

 |  Ристе Јакимоски  | 
Drim
Дрим
Ладното време не ги спречи Стружани заеднички да го прослават празникот Водици.

Празникот Водици е еден од најголемите христијански празници. Познато е дека се славел уште во вториот век од христијанската ера, во спомен на Христовото крштевање.Кејот на дримот,чаршијата и балконите на околните куќи,денеска беа преполни со Стружани кои беа сведоци на осветувањето на водите во Дримотј.
По светиот крст се фрлија околку 60 тина верници,со надеж,дека тој што ќе го фати чесниот крст, ќе има бериќетна година.

Tomce GolaboskiОвој пат,среќата беше на страна на стружанецот  Томче Голабоски.
На секој да го прати здравје и среќа, е една од желбите на фајќачот на крстот.
Среќникот од годинешниот кум, доби златно синџирче со крст.
Традиционално,по церемонијата, граѓаните на Струга полнеа од светата вода.
Верниците со топла ракија наздравуваа за овој празник.Си посакаа и наредната година пак да се видат заедно во уште поголем број.
 И покрај проблемите со звукот за време на свечената церемонија заеднички беа коментарите на граѓаните дека годинава,Водици во Струга се празнуваа како никогаш до сега.

 

 

{loadposition content9}