Skip to main content

Стружани го одбележаа светскиот Ден на поезијата и УНЕСКО

Денеска покрај поезија во Домот на културата пред присутните беше прочитана и поетската порака испратена до новоизбраната директорка на Унеско, Ирена Бакова.  

 |  Татјана Маленкова  | 
priredba
приредба

priredbaДенеска покрај поезија во Домот на културата пред присутните беше прочитана и поетската порака испратена до новоизбраната директорка на Унеско, Ирена Бакова.  

Поетите, писателите и уметниците, денска во НУ центар за култура во Струга го одблежаа светскиот ден на поезијата и Унеско. По тој повод поетите и сите творци од Струга од светлиштето и паркот на поезијата испратија поетска порака до светската организација на УНЕСКО и новоизбраната директорка на оваа институција, Ирена Бакова.

Поетите посебно внимание посветија на јубилејот 200 години од раѓањето на семакедонскиот народен деец Димитрија Миладинов.

Инаку на денешната прослава во Струга присуствуваа и поетите од Охрид, членови на НУ Библиотека Григор Прличев. Пред извесно време  ваква средба на поети имаше и во Охрид кога тие взаемо го чествуваа годишнината од раѓањето на  учителот на Григор Прличев, Димитрија Миладинов.  



{loadposition content9}