Skip to main content

И стружани остануваат верни на традицијата

Со вапцани јајца и јагнешко на домашната трпеза стружани ќе го Велигден.

 |  Тања Кувенџиска  | 
freska
фреска

Голем број верници постојано се упатуваат кон струшките православни храмови, негувајќи ја вековната традиција.

На Велики четврток, за здравје, во црква ги носат рано изутрината вапцаните јајца и алишта. На велики петок, пак со палење свеќи го одбележуваат денот кога Исус бил распнат.

Стружани потенцираат дека ова е еден од најголемите денови за целиот христијански свет, затоа што е празникот во кој се слави животот и од кој извираат љубовта и надежта.

jajcaОд домашната трпеза традиционално, и независно од цената, не изостанува јагнешкото месо. Некои го купиле уште пред месец дена, некои пак тоа го прават во последен миг. Велат- трпезата на Велигден мора да е полна.
И сопствениците на струшките месарници се  задоволни од прометот- признават дека продавниците деновиве се полни- со месо, но и со купувачи.
Цeнтралната богослужба во Струга, традиционално, ќе се одржи во црквата Свети Ѓорѓија. Како и секоја година, така и утревечер, се очекува голем број верници да го исполнат овој храм.

 

{loadposition content9}