Skip to main content

Стружани ќе добијат пониски сметки за вода

Повеќе од половина месец стружани немаат безбедна вода за пиење. Загадувањето се поврзува со ископи во близина на извориштето Шум, кое со години не било ниту заштитено ниту оградено. Општината најавува рестрикции и намалување на сметките на граѓаните.
 |  инфодеск  | 

Повеќе од половина месец стружани немаат питка вода. Анализите се уште покажуваат зголемена матност, таа не ги исполнува  безбедносните стандарди. Досегашните истрага загадувањето го поврзува со ископи во близина на извориштето Шум.

 Градоначалникот вели ќе бара одговорност, локалитетот околу извориштето не бил заштитен ниту ограден,  а  со години се вршеле ископи.

– Нема таму со закон зона која е заштитена имаме побарано до владата да се донесе одлука да се заштити  таа зона треба физички да се огради не е оградено досега за жал. Имаме побарана од владата одлука да ни даде одобрение за користење на водата, вели Менди Ќура

– За долгорочно решавање на проблемот со водоснабдувањето потребна е целосна студија за санација на извориштето  во Шум.  

Струга градот на две води до конечната санација на проблемот ќе се соочи со рестрикции за вода и во иднина. Општината најавува намалување на сметките за вода.

– Сигурно ќе има рестрикции, ќе имаме фази каде што ќе се користи чиста вода. Но знаеме дека во Струга 80% од населението одамна користи вода од извори за жал, поради тоа што состојбата е ваква, вели Менди Ќура

 Загадувањето на водата во Струга  е под лупа и на обвинителството, две фирми од Велешта добија забрана за работа.

Новинар Соња Рилковска