Skip to main content

Градски водовод

Стружани повторно пијат заматена вода

Стружани повторно се жалат на заматена вода од градскиот водовод. Во време на економска криза плаќаат високи сметки за вода, а принудени се да купуваат од продавница. Првиот човек на градот вели во тек е реализација на проект со кој конечно ќе се надминат проблемите со водоснабдувањето.
 |  инфодеск  | 
Црн Дрим Струга

Водата во Струга повторно заматена. Стружани се жалат, велат плаќаат сметки, но или немаат вода или таа е загадена па стравуваат да ја користат. Проблемот се провлекува години наназад, при секој дожд водата од градскиот водовод е обоена.

Граѓаните се жалат во време на економска криза плаќаат високи сметки за вода, а принудени се да купуваат од продавница.

Заматена е не се пие воопшто. Се плашиме и купуваме, но во оваа криза не се излегува на крај и со купување вода, а и плаќаме фактурите се многу високи – вели еден стружанец.

Тоа е поради дождовите. Кога е заматена не ја пиете од чешма? Не, не, не заматена е – вели друг стружанец.

Обично водате не е добра за пиење. Купувате вода? Да купуваме. Не е сигурна водата многу е матна. Често е заматена? Речиси секојпат – вели трет стружанец.

Јас не пијам вода од чешма, земам од Охрид од нашите чешми не пијам – вели стружанец.

Струга

Од јавното претрпијатие причината ја лоцираат во тоа што при дождови доаѓа до загадување кај изворите во Шум предизвикано од електраните. Првиот човек на градот вели во тек е реализација на проект со кој се врши промена на азбестните цефки и конечно ќе се надминат проблемите со водоснабдувањето.

Со тоа ќе имаме ново, сигурно и количинско снабдување со вода на населениете места. Мислам дека е и затоа велам животен проект и се надеваме дека нема да имаат проблем, ни Дрслајца, ни Ложани, ни Ливада, ни Велешта, Добовјани значи огромен зафат кој изминативе 60 /70 години никој не го размислил како тоа да го изведи – вели Рамиз Мерко, градоначалник на Струга.

Рамиз Мерко

Надлежните смируваат иако водата често е заматена, не е штетна по здравјето на луѓето, а тоа го потврдуваат анализите од Центарот за јавно здравје.

Новинар : Соња Рилковска