Стружани со страв ја минуваат чаршијата
Се гради нов објект, а околу него не е поставена заштитна ограда.
багер
Граѓаните на Струга, минувачи по чаршијата, изложени на опасност. Веќе неколку дена интензивно се работи на рушење на објект лоциран во центарот на градот, без претходно истиот да биде соодветно заштитен, за да бидат граѓаните побезбедни. Поради опасноста, стружани поминувајќи по чаршија треба да бидат крајно внимателни.
„Вчера по чаршијата не се минуваше, прашина имаше премногу, луѓето кружеа по сокаци за да поминат. Во 21 век вака да се работи, ова никаде го нема“-вели Крсте Чакар.
Од Секторот за Урбанизам при општина Струга, велат дека им е позната состојбата со градежните активности кои се превземаат во центарот во чаршијата. Информирани се оти сопствениците не поставиле заштитни огради околу објектот.
„Во договорот се предвидува местото околу ибјектот каде се превземаат активности да биде заштитено но бидејќи просторот е многу тесен нема од каде да поминува механизацијата и мораше да не сезагради просторот“-вели Натмир Неџипи од Сектор за урбанизам.
Денес на терен излегоа и комуналните инспектори, со цел да направат увид на состојбата во чаршијата.
“Направивме записник, на сопственикот му дадовме рок до утре да постави заштитна ограда околу “-кажува инспекторот Трифун Танески.
“Уште денес ќе го направиме тоа, ја завршивме работата со механизацијата и сега без проблем ќе ги заштитиме минувачите“- истакна сопственикот Ајруш Мифтари.
Бидејќи објектот е заштитен со закон, проектот за новата градба предвидува тој да ја задржи автентичноста на надворешниот изглед, кажува сопственикот Мифтари.
Граѓаните пак не веруваат во тоа. Велат досега кој ќе стигне во Струга гради што сака па не не изненадува и ова. Годините наназад Локлната Самоуправа низ прсти прогледува на неправилностите кои се прават во градот.

{loadposition content9}