Skip to main content

Стружани велат: Не е време за менување на имињата на улиците

Стружани против идејата на струшката локална самоуправа, за менување на имињата на улиците во Струга. Против и големите партии од македонскиот блок.

 |  Голабовски Крсте  | 
Struga
Струга

Размислувањата на локалната од Струга за менување на називите на улиците плоштадите и мостовите, ја разбранува струшката јавност. Стружани генерално против. Како што велат, нив повеќе ги мачат комуналните проблеми со кои секојдневно се соочуваат.Велат дека на улиците во Струга повеќе им треба асфалт,атмосферска канализација,тротоари и решавање на хаосот.

stojalishteВо врска оваа идеја се огласија и политичките фактори од Струга. Перо Петкоски, претседателот на О.К на ВМРО-ДПМНЕ од Струга вели дека градоначалникот на Општина Струга нема право  да ги менува имињата на улиците по негова желба затоа што не му се допаѓале и да ги замени со имиња на луѓе за кој се сигурни дека ќе бидат спорни за мнозинството граѓани на Струга, но спорни и за нашето културно историско минато.

„Така да  ВМРО ДПМНЕ нема да дозволи гетоизација на градот и поделба според национална верска и етничка припадност на улиците, а преку советот на општина Струга  и преку владата на Република Македонија користејќи ги законските нормативи нема да дозволи да се спроведат вакви штетни одлуки“ вели Петкоски.

sednicaПеткоски објаснува дека во Законот  за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти стои: “Определување име на улица, плоштад, мост и на друг инфраструктурен објект на подрачјето на општината се врши со одлука донесена од советот на општината. Одлуката се усвојува со мнозинство гласови од присутните членови на советот на општината, при што мора да има мнозинство гласови од присутните членови на советот кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинско население во општината“, потенцираат меѓудругото од струшката ВМРО- ДПМНЕ. Петкоски дециден дека без гласовите на нивните советници, оваа идеја никако неможе да помине како предлог на седница на совет.

Против оваа идеја се и струшките социјалдемократи. Претседателот на Општинската организација на СДСМ од Струга, Ристе Ќушкоски во телефонски разговор не информира дека нивното членство, генерално е против идејата за менување на називите на улиците, плоштадите и мостовите во нивниот град.
 
Инаку, градските советници комисиски веќе разговарале за промена на имињата на улиците, а Градоначалникот Рамиз Мерко ни вети дека својот став ќе ни го соопшти во понеделник.

{loadposition content9}