Стружани се жалат на преголема бучава oваа сезона
![struga](https://tvm.mk/wp-admin/admin-ajax.php?action=kernel&p=image&src=%7B%22file%22%3A%22wp-content%2Fuploads%2F2023%2F08%2F361953761_671437438362057_5885739305591173957_n-1.jpg%22%2C%22thumbnail%22%3A%221200%2C%2C%22%7D&hash=16c89241)
Бучавата и оваа сезона не ги поштеди жителите и туристите во Струга. Најгласни се угостителските објекти на плажите и дискотеките во градот, кои го реметат мирот и сонот на сите, се жалат стружани.
Бројните забави во шпицот на сезона до раните утрински часови предизвикуваат бучава над дозволените 50 децибели.
![Струга-чаршија](https://tvm.mk/wp-content/uploads/2023/08/струга-чарпија-5-e1691500000919-1024x576.jpg?x67484)
„И годинава сме сведоци во поглед на почитување на јавниот ред и мир.Посебно во делот што се однесува на гласноста на музиката. На тоа реагираат не само граѓаните на Струга веќе добиваме и сериозни реакции од туристите, кои го посетуваат градот и кои дошле со намера да имаат мирен и тивок одмор“, вели Никола Кукунешоски активист.
Според активистите, не се почитува ниту Законот за угостителска дејност, во поглед на дозволеното работно време, а инспекторатот оваа сезона не врши доволно контроли.
„Работното време според законот е до 01 часот по полноќ а од 12 до 01 часот интензитетот односно јачината на музиката треба да биде помала од претходно. Она што е работа на инспекторатот и МВР останува како незвршен дел“, додава Кукунешоски.
![](https://tvm.mk/wp-content/uploads/2023/08/струга-чаршија-3-1024x576.jpg?x67484)
Од комуналниот инспекторат не добивме одговор, колку контроли се извршени оваа сезона, но согласно Законот за прекршоци оној што го нарушува мирот со пеење, користење на музички инструменти во периодот од 15,00 до 18,00 часот и после 23,00 часот до 06,00 часот наутро, ќе заработи глоба од 50 до 100 евра, а за правно лице предвидена е казна и до 6.000 евра.
Новинар Соња Рилковска
Latest Струга
![](https://tvm.mk/wp-content/uploads/angwp/items/98535/ttg-hero-baner.jpg?x67484)