Аква Здружение најавува акција за чистење на плажата 25 мај во Струга во петок на 8 јули под мотото стружаните имаат право на чиста средина.
Истата е дел од проектот “(Локално) Младинско учество е важно“ кој ЗРА „Аква“ го спроведува во партнерство со Center for Intercultural Dialogue (CID) Kumanovo, а при спроведување на завршниот настан на кампањата за зајакнување на јавната свест за правото на здрава животна средина, ќе биде проследена и акцијата.
Стружани имаат право на здрава животна средина, а тоа право е во наши раце, гласи клучната порака.
Проектот е поддржан од Амбасадата на Кралство Холандија во Република Северна Македонија.