Skip to main content

Стружанец за работи кривична пријава за бесправно градење

Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава  против 55- годишен стружанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

 |  Голабовски Крсте  | 
stanica

strugaПолициската станица од Струга поднесе кривична пријава  против 55- годишен стружанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Пријавениот во текот на декември  2015 година, на  катастарска парцела во катастарска општина Струга, како закупец на деловен простор бурекџилница од времен карактер, поставил метална конструкција за настрешница без одобрение за градба.

Од страна на градежен инспектор на општина Струга составен е записник и донесено е решение за отстранување  на градбата.