Стружанецот проф. д-р Сашо Џероски избран за член на МАНУ надвор од работниот состав
Тој денес во Македонската академија на науките и уметностите одржа пристапно предавање на тема „До научни сознанија со машинско учење“.
Проф.д-р Џероски работи како професор на Институтот „Јожеф Стефан“ во Љубљана, а зад себе има повеќе од 25 години научно-истражувачка работа со пионерски придонеси кон светската информатика, обемен и квалитетен опус на публикации, кој содржи повеќе од 400 научни трудови и Огромен углед во меѓународната научна заедница. Огромно е неговото влијание во оформувањето на младите научници и нивен развој во врвни истражувачи. Вкупно 18 млади доктори на науки ги изработиле и одбраниле своите тези под негово
менторство, а од нив 15 се Македонци.
Исто така значаен е неговиот придонес кон развојот на македонската наука и нејзиниот углед преку соработка со македонски научници и институции, нивно воведување во актуелни истражувачки подрачја и вклучување во меѓународната научна заедница.
Проф.д-р Џероски во Македонската академија на науките и уметностите денес одржа пристапно предавање на тема „До научни сознанија со машинско учење“.
За научниот придонес на проф. д-р Сашо Џероски зборуваше академик Љупчо Коцарев, потпретседател на Македонската академија на науките и уметностите.