Стружани донираа за ранливата категорија
Голем број институции но и стружани масовно се одзваа на собирната акција, за хумани цели. Во салата за седници на општина Струга, денес покрај средства, беа собрани, многу храна и облека, кои ќе одат во рацете на семејствата кои се под социјален ризик од оваа општина.
Општина Струга денес организираше собирна акција, во која се вклучени струшките ЈП и ОО на Црвен крст и Центарот на заедниците. Секогаш се залагаме за хуманоста која треба да постои, да се негува и секогаш треба да се користи како алатка за помагање на лица кои навистина им треба помош од институциите и граѓаните, исткна градоначалникот на Струга Рамиз Мерко. Тој нагласи дека од 2007 година Локалната самоуправа финансиски го оддржува здружението „Порака“, а новиот совет го зголеми буџетот за нив..
„Ево и денес и во наредните денови и месеци и во целиот мандат, сите ние ќе помагаме на сите оние кои имаат потреба. Мислам дека треба да ја поставиме како прва задача не само на институциите туку и на сите граѓани, кои во овој момент ги поздравувам како хумани стружани“
Мотивирани од празникот на жената, одлучивме неколку институции и здруженија од градов да направиме акција, со која ќе помогнеме на ранливата категорија, вели секретарот на ОО на Црвен Крст Струга, Адуриме Даути
„Секогаш има потреба ова е само еден мал почеток за оваа година, се надевам дека преку цела година ќе бидеме заедно активни на терен така да Црвен крст секогаш има работа но секогаш има потреба за други пријатели кои ќе ни помагаат да на некои семејства и мајки да им биде полесно, а празниците се еедн од најдобрите поводи“
Оваа активност е прва на Комисијата за еднакви можности од струшкиот Совет. Претседателката Валентина Пероска, истакна дека повеќе од потребна е поддршката од сите институции.
„Појдовме од идејата дека дарувајќи, се радуваме себе си, но ќе израдуваме и многу семејства на кои им е најнеопходна помош. Прва активност, што не значи дека е и последна, во наредниов период ќе продолжиме со вакви активности и ред други мерки со кои ќе ја вклучиме жената во сите сфери на општественото живеење“
Средствата кои ќе бидат собрани ќе бидат наменети за семејствата кои се под социјален ризик. Стружани покажаа дека се хумани бидејќи одзивот за оваа акција беше голем, што во средства, храна и облека.