Стружани имаат проблем со водоснабдувањето
Во општина Струга два месеци слаб е притисоот на водата, а последниве два три дена се случувало и по неколку часови воопшто ја нема, реагираат локалните жители. Надлежните од Проаква Р. Е. Струга негираат дека има проблем со водоснабдувањето.
Стружани се жалат дека во летните месеци редовно се соочуваат со проблемот на водоснабдувањето. Од почетокот на јуни, па во текот на целиот летен период, жителите од делови на градот постојано се соочуваат со слаб притисок на вода кое трае и по неколку дена. Често се случува да немаме вода, а и кога ја има, таа е со слаб притисок, велат локалните жители, а посебно оние кои живеат од трет кат нагоре во станбените комплекси.
„Многу е слаб притисокот, со пумпа вадиме вода. ова е туристичко место и не треба да има проблем, со водоснабдувањето“
Со истиот проблем се соочуваат и кафетериите и дуќанџиите во ова туристичко место. Сакаа да останат анонимни, стравувајќи дека може да ги најде и полошо ако гласно и јавно зборуваат за проблемот. Оние пак кои се повикани да разговараат за проблемот со водоснабдувањето и да дадат одговор на јавноста никаде ги нема. Директорот на Р. Е. Водовод Струга не одговараше на телефонските повици. Додека пак во административната зграда, неговите сорботници тврдат дека се е во ред со притисокот и со водоснабдувањето во градот. Очигледно менаџерските тимови заборавиле дека со преземање на одговорните функциии, со оглед на тоа дека буџетот на ЈП се полни од џебот на локалното население, треба да бидат поодговорни и да ги прифатат забелешките на корисниците на нивните услуги. Инаку неофицијално, дознаваме дека оваа Р.Е. исклучена е од електрична енергија поради неподмирен долг кон ЕВН, а исто така на вработените им должи цели 7 плати.
{loadposition content9}