Skip to main content

Стружани одадоа почест на заштитникот на градот Св. Великомаченик Георгиј

Стружани одадоа почест на заштитникот на градот Св. Великомаченик Георгиј.

 |  Валентина Неловска  | 
литија

еордијаМоштите на свети Георгиј Победоносец и неговата чудотворна икона ја благословија Струга.  Стружани и бројни гости, 6 -та година по ред масовно со звукот на псалтите се движеа во долга свечена поворка носејќи го благословот на светецот. Еордијата во Струга е еден уникатен духовен настан кој што е многу повеќе од литија. Тоа е едно сеопшто славење на Св. Георгиј заштитникот на градот, кое трае три дена и не случајно го носи зборот еордија што значи празнување.  Православните верници литијата ја доживуваат како голема радост и воскресение и од година во година ја одбележуваат во се поголем број.

Честа годинава да ги носат моштите на Св. Георги Победоносец низ чаршијата им припадна на стружаните Владимир Кутаноски, Антон Миса, Доне Прентоски и Трпе Дејкоски. Почнувајќи од 2010 година литијата се возобновува и се празнува помасовно со благослов на митролопитото Тимотеј , и со иницијатива на Партениј игуменот на манастирот  Бигорски, и свештеникот Васко Голабоски, старешина на црквата Св. Георги во Струга,  напоменува отец Кирил од манастирот Св. Јован Бигорски.

литија„ Тоа е древна традиција која постоела во Струга со векови,а  се правела со чудотворната икона на СВ Георгиј со византиската икона од 14 век. Има сведоштва дека литијата навлегува во длабината на вековите, но з а жал во претходниот режим била маргинализирана и не се правеше торжествена“, напоменува отец Кирил.

Литијата е збогатена и со  моштите на на Св. Георгиј Победоносец од манстирот Рајчица, Дебарско. Во Македонија моштите се донесени во 2003 година од Светогорскиот скит Кавсокаливија. Архимандриотот Епифаниј од Атина ги подарил на архимандритот Партениј за метохот на Св. Георгиј Победоносец во с.Рајчица. Моштите на Св. Георги Победоносец се познати по своето чудотворство и исцелителност.