Стружани револтирани што по секој снег се јавуваат истите проблеми
Стружани револтирани што по секој снег се јавуваат истите проблеми. Синоќешните снежни врнежи ги оставија граѓаните без струја, а до попладневните часови беа и без вода. Службите на ЕВН Македонија го одстранија дефектот на трафостаницата по што се нормализира водоснабдувањето.
Снежните врнежи во струшко-дримколкиот регион направија хаос. Паднати бандери и кабли, а и дрва го попречија норманлото движење во сообраќајот. Граѓаните синоќа беа и без струја. Без напојување беа Струга, Вевчани и планинските села од Малесија, но и во селата Делогожда, Мислоежда,Татеши. Во Струга секна и градската водоводна мрежа, а вода за пиење немаше се до попладневните часови. Стружани се револтирани од тоа што еден снежен зимски ден го парализира нормалниот живот на граѓаните.
Од општина Струга информират дка ЈП Комунално и Проква биле вклучени во расчистување на улиците во градот.
„ Ние сме во функција на граѓаните. 8 инспектори се на терен, исто толку екипи со багери и камиони. Најголем проблем е водоснабдувањето. Има проблем во трафостаницата, побаравме од ЕВН Макеоднија да интервенираат. Тие ветија дека ќе го решат проблемот“, напоменува Дашмир Насуфи од струшката ЛС.
Од ЕВН информираат дека нивните екипи работат на одстранување на сите дефекти освен каде што нивните екипи немале пристап заради големите снежни наноси и одрони на патиштата. Екипите и понатака се на терен и се прават напори да се справат со дефектите на проводоцните и паднатите столбови.