Skip to main content

Мерко недостапен за медиумите

Судскиот совет ќе проверува дали Мерко се мешал во судски постапки

Мерко денес остана недостапен за медиумите, откако без никакво образложение беше откажана свеченоста по повод одбележувањето на Денот на Охридското езеро, а градот Струга беше домаќин на настанот годинава.  
 |  инфодеск  | 
струга суд

Судскиот совет ќе ги проверува  наводите на Стејт Департментот и американската амбасадорка, во поглед на ставањето на струшкиот градоначалник Рамис Мерко и неговото семејство на црната листа на САД, квалификувајќи го  како  неподобен за влез во Соединетите држави, поради неговата вмешаност во значајна корупција и мешање во судски процеси.   Ќе биде формирана посебна  комисија, која ќе врши контрола во судот.  

Од Судскиот совет велат минатата и оваа година имало 15 претставки од граѓани на Струга за работата на струшкиот суд, додека Судскиот совет водел две постапки за судии од овој суд. Но, напоменуваат  дека во ниту еден случај не се доведуваат во врска со градоначалникот на Струга.  Мерко денес остана недостапен за медиумите, откако без никакво образложение беше откажана свеченоста по повод одбележувањето на Денот на Охридското езеро.

Од кабинетот на градоначалникот велат одбележувањето на денот на Охридското Езеро  е откажано бидејќи Мерко имал неодложни обврски, а за одлуката на  САД дополнително ќе се произнесат со свој став.

Стружани со поделени мислења.

Нека се замисли што има правено

Не ми се верува дека е корумпиран, но не знам.“

Правилно е ама не знам колку е засекиран за ова. Мислам дека воопшто не е. Државата не ни фунцкионира инаку одамна требаше да се преземе нешто.

„ Мерко е држава. Против него има многу судски постапки мегутоа ништо. Нема дивоградби во Струга тоа е изјава на Мерко а нема кука што не се гради.“

Секој да си ја добие својата заслуга. Према заслугата и наградата

После 23 години континуирано свечено одбележување на Денот на Охридското Езеро, настанот  денес иако беше уредно закажан, во Струга, како овогодинешен домаќин на церемонијата , прославата не се одржа.

Новинар Соња Рилковска