Skip to main content

Светите мошти на Св. Георгиј Победоносец донесени во струшкиот храм Св.Ѓорѓи

Голем број верници, во Струга, синоќа во црковниот храм Св.Ѓорѓи се помолија и ги целиваа светите мошти на Св. Георгиј Победоносец. Монахињите од истоимениот манастир од Рајчица ги донесоа светите мошти пред да се изведе вечерната служба.

 |  Валентина Неловска  | 
litija
литија

crkvaГолем број верници, во Струга, синоќа во црковниот храм Св.Ѓорѓи се помолија и ги целиваа светите мошти на Св. Георгиј Победоносец. Монахињите од истоимениот манастир од Рајчица ги донесоа светите мошти пред да се изведе вечерната служба. Стружани имаа можност да учествуваат на литија во чест на христијанскиот празник Ѓурѓовден. Претходно со возвишениот духовен чин, чиноначалствуваа високи свештени лица, а присуствуваа монаси и монахињи од Св. Јован Бигорски и Манастирот Св. Георгиј Победоносец од Рајчица.
Моштите на Св. Георгиј Победоносец се донесени во Македонија во 2003 година од Светогорскиот скит Кавсокаливија, преку архимандриотот Епифаниј од Атина. Подарени му се на архимандриото Партениј за метохот на  Св. Георгиј Победоносец во с.Рајчица, Дебар. Моштите се познати по своето чудотворство и исцелителност.

litijaТрадицијата на ордијата е вековна, а се изведува на вториот ден од празникот истакнува историчарт на уметност  Сашо Цветкоски.
Ордијата е вековна христијанска традиција која се изведува во чест на донаторите и ктиторите на светите храмови. Моштите на Св. Георгиј Победоносец извесно време ќе бидат изложени во струшката црква Св. Ѓорѓи, а потоа повторно ќе бидат пренесени назад во манастирот во село Рајчица.  
{loadposition content9}