Светскиот ден на лицата со Даунов синдром одбележан во Струга
35-годишниот Игор Шајноски од Струга е првиот вработен продавач на списанието „Лице в лице“. Момчето со Даунов синдром, кое една деценија е одговорен на висина на задачата, денес важи за најдобар уличен продавач во земјава.
Игор ги побива стереотипите, тој располага со исклучителни комуникациски способности. Рамо до рамо со своите колеги, вработените во Центарот за поддршка на лица со попреченост „Порака Нова“, докажува дека попреченоста не е препрека на патот на успехот и инклузија во општеството.
Подобрување на мојот живот, како јас опстанав да бидам самостоен, да работам со уличната продажба на списанието Лице в лице – вели Игор Шајноски, уличен продавач.
Игор веќе три години е вработен продавач на уличното списание „Лице в лице“ и е работно интегриран и цело време од наша страна добива поддршка – вели Стефан Малески од „Порака Нова“.
Со пригодна свеченост денес во Струга беше одбележан Светскиот ден за поддршка на лицата со Даунов синдорм. Пораката годинава е „Не за нас, туку заедно со нас“.
Да ја подигнеме јавната свест и да кажеме дека не се тие туку сме сите ние заедно и да дадеме придонес да почне таа инклузија која постојано се прокламира – вели Еди Кела од Здружението за грижа на лица со посебни потреби ЦФГ.
Се организираат едукативни работилници, практични вештини работиме на освојување на практични вештини – вели Гордана Балоска од Центарот за лица со попреченост Струга.
Ниската јавна свест и предрасудите се главните предизвици со кои и денес се соочуваат лицата со Даунов синдорм. Државата мора да работи на нивна интеграција, редовно образование, спорт, анимација, нивно вработување, сами да се издржуваат и да живеат самостојно.
Новинар : Соња Рилковска