Skip to main content

Не за нас туку заедно со нас

Светскиот ден на лицата со Даунов синдром одбележан во Струга

Игор Шајноски од Струга е првиот уличен продавач на списанието „Лице в лице“ во земјава. Момчето со Даунов синдром ги побива стереотипите и предрасудите, попреченоста не е препрека за успех. Тој денес е вработен и самостоен. Во Струга денес се одбележа Светскиот ден за подигнување на јавната свест за лицата со Даунов синдром.
 |  инфодеск  | 
Светски ден на лицата со Даунов синдром

35-годишниот Игор Шајноски од Струга е првиот вработен продавач на списанието „Лице в лице“. Момчето со Даунов синдром, кое една деценија е одговорен на висина на задачата, денес важи за  најдобар уличен продавач во земјава.

Игор ги побива стереотипите, тој располага со исклучителни комуникациски способности. Рамо до рамо со своите колеги, вработените во Центарот за поддршка на лица со попреченост „Порака Нова“, докажува дека попреченоста не е препрека на патот на успехот и инклузија во општеството.

Подобрување на мојот живот, како јас опстанав да бидам самостоен, да работам со уличната продажба на списанието Лице в лице – вели Игор Шајноски, уличен продавач.

Игор веќе три години е вработен продавач на уличното списание „Лице в лице“ и е работно интегриран и цело време од наша страна добива поддршка – вели Стефан Малески од „Порака Нова“.

Светски ден на лицата со Даунов синдром

Со пригодна свеченост денес во Струга беше одбележан Светскиот ден за поддршка на лицата со Даунов синдорм. Пораката годинава е „Не за нас, туку заедно со нас“.

Да ја подигнеме јавната свест и да кажеме дека не се тие туку сме сите ние заедно и да дадеме придонес да почне таа инклузија која постојано се прокламира – вели Еди Кела од Здружението за грижа на лица со посебни потреби ЦФГ.

Се организираат едукативни работилници, практични вештини работиме на освојување на практични вештини – вели Гордана Балоска од Центарот за лица со попреченост Струга.

Светски ден на лицата со Даунов синдром

Ниската јавна свест и предрасудите се главните предизвици со кои и денес се соочуваат лицата со Даунов синдорм. Државата мора да работи на нивна интеграција, редовно образование, спорт, анимација, нивно вработување, сами да се издржуваат и да живеат самостојно.

Светски ден на лицата со Даунов синдром

Новинар : Соња Рилковска