Skip to main content

Во својот дом како потстанари

Семејството Узунови со своја приказна за недоразбирањата со новиот сосед.

 |  Билјана Колоска  | 
kuka
куќа

Семејството Узунови со своја приказна за недоразбирањата со новиот сосед.

Новиот сосед ја откорнал вратата од заедничкиот влез, а сакал и скалите да ги руши. Семејството Узунови трета вечер спијат со страв.

Од пред две недели,  кога се вртратиле во својата куќа, каде живееле повеќе од 30-тина години, наишле на постојано вознемирување и претење од својот сосед, тврдат тие. Семејството Узунови живее на вориот кат, од заедничката куќа со неговиот сега починат брат. Сопругата на починатиот го продала нивниот дел,  а делот на нашиот соговорник, сеуште е негов. Тие до неодамна 11 години живееле во стан. Во својот дом се чувствувам како потстанар, раскажува нашиот соговорник. Маката ме врати во оваа куќа, додава тој.

Ljuben Uzunov„Планиравме да го продадеме нашиот дел. Не знаеме дали на соседот или на друга личност, но се додека не се опоравам неможам ништо да одлучам, вели соговорникот. Од кога сме дојдени тука, постојано имаем притисок од другиот сопсветник, да му  го продадеме нашиот кат“, тврди Узунов.

„На различни начини ни врши притисок.Сега, сака да ни го затвоти заедничкиот влез и да ги сруши скалите. Дојде, и насилно почна да удира по нив, ја откорна и вратата, па така сега ноќите ги поминуваме без врата“, продолжи Узунов.

„Ние бараме да ни даде време додека закрепнам, потоа сами ќе си направиме друг влез. Дотогаш законот е дециден, велзот е заеднички. Јавноста нека види колку се почитуваат државните институции, во случајов воопшто не“, вели Љубен Узунов.

Соседот треба да чека судска разрешница за спорниот имот, за потоа заеднички да се договориме што е следно. Во меѓувреме, Узунови бараат влезната врата да биде поставена, бидејќи трета вечер спијат не безбедно.

{loadposition content9}