На 02.02.2026 во 17:20 часот на улица „Партизанска” во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 37 годишно лице од струшкото село Велешта.
-При преглед во паркирано патничко возило „дачиа дастер” со албански национални ознаки, во кое тој се наоѓал, полициските службеници, пронајдоа отворен патнички куфер и ќеса со марихуана, додека во багажниот простор биле пронајдени пакување со бела прашкаста материја, два пиштоли, 105 куршуми различен калибар, дигитална вага и други предмети. Пронајденото е одземено и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.


фото: МВР