На 08.07.2023 година околу 15 часот во ОВР Струга, пријавено е дека на улицата „Димче Ковачески” во Струга настанал пожар во патничко возило „фолксваген пасат” со охридски регистарски ознаки, управуван Т.Т.(53) од селото Мешеишта, општина Дебрца. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.