Skip to main content

СВР Охрид го расплеткува случајот со кражбата на икони

25 икони пронајдени во четири јутени вреќи во близина на македонско – албанската граница.

 |  Тања Маленкова  | 
Ikoni
Икони

IkoniСе претпоставува дека ова се иконите што пред една недела биле украдени од црква во Крушево, а кои преку Албанија требало да бидат прошверцувани. Во близина на иконите пронаједоно е и опажарено возило марка Мерцедес.

СВР Охрид и полициската станица од Дебар пронајдоа 25 икони во месноста Жичен Мост, во атарот на селото Спас, во близина на македонско-албанската граница. На лице место беше извршен увид од страна на истражен судија и екипа на дебарската полиција.

„Полицијата иконите ги пронајде во четири јутени вреќи запакувани во две големи најлонски кеси. Вреќите се пронајдени во близина на македонско- албанската граница на одалеченост од 300-350 метри од напуштен и опожарен автомобил, марка „Мерцедес“ без регистарски таблички. Истите се испратени на вештачење во министерството за внатрешни работи на РМ“, изјави Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

Пронајдените икони се многу вредни, вели Димовски. Тој додава дека акцијата во саботата е континуитет на акцијата која неодамна ја имаше  СВР и кога беа поднесени две кривични пријави против албански државјани.

Димовски додава дека акцијата за пронаоѓање на сторителите на КД кражба на икони се должи на квалитетните податоци со кои располагаше СВР, за функционирањето на оваа четири члена група.

Инаку кон крајот на минатиот месец струшката полиција приведе двајца од четиричлената група албански државјани, кои беа фатени додека ограбувале црква во струшкото село Луково. Двајцата приведени веќе извршуваат триесетдневен притвор. Полицијата ја сомничи групата дека стои и зад неколкуте други грабежи што се случија минатата година во охридско-струшкиот регион, во кој беа украдени над 40 икони и вредни црковни предмети.    
{loadposition content9}