Тајниот долап и стрелањето на Радолишани

На почетокот од  есента 1944 година поткажана од кодоши, германските окупаторски војници бараат да ја уапсат стружанката позната како храбрата Мајка Марија.

 |  Валентина Нелоска  | 
nov
nov

spomenik NOV StrugaПред 67 години кога во Струга со жестоки вооружени борби на партизанските единици на Митровден осамнува слободно утро, претходеле многу бурни историски настани. Професор д-р Павле Митрески не потсетува на два од нив. На почетокот од  есента 1944 година поткажана од кодоши, германските окупаторски војници бараат да ја уапсат стружанката позната како храбрата Мајка Марија. Марија  Стефаноска меѓу стружани била позната под овој прекар, а во нејзината  куќа се криеле многу партизани и илегалци од партијата. Мајка Марија го следела примерот на  Илинденците кои во куќите правеле тајни  скривалишта па и таа на тој начин успеала да спаси многу животи во тајниот долап од нејзиниот дом.
spomenik NOV StrugaДругиот настан од овој историски период е стрелањето на околу 100-тина жители од струшкото село Радолишта . Германскиот окупатор барал од селаните да ги предадат местат  каде што се криеле партизанскиет единици
во околните шуми. Радолиштани одбиле да го сторат тоа  и  на 28 октомври  1944 година,  на само 10 -тина дена пред ослободувањето на градот, на  влезот од селото биле стрелани.
Стрелањето успеале да го преживеат само седумина радолиштани.Тие паднале меѓу мртвите тела на соселаните,  не пуштајќи ни глас, а во вечерните часови успеале да избегаат низ нивите. Така останале сведоци на ова злосторство извршено од страна на  на германскиот  окупатор  потсетува на историското минато на Струга  Професор Митрески.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top