Skip to main content

„Телевизија „ТВМ“ мора да биде поканета и на јавна расправа“

Вчерашната расправа за Локалниот акционен младински план за Општина Струга, актуелна и денес.

 |  Билјана Ќосеска  | 
Drim
Дрим
Вчерашната расправа за Локалниот акционен младински план за Општина Струга, актуелна и денес.

Иако јавна, изготвувачот на планот смета дека на расправата Телевизијa ТВМ била непоканет гостин.

Во врска со вчерашниот прилог посветен на јавната расправа за Локалниот акционен младински план за Општина Струга, денес во нашата редакција пристигна информација  од изготвувачот. Во неа се потенцираат 3 забелешки до нашата ТВ куќа; присуството на нашата екипа  на јавната расправа без претходна покана, извадени изјави од контекст и  непрофесионално и нетранспарентно информирање на нашата екипа.

AMPВо однос на првата забелешка, информираме дека телевизија Твм присуствуваше на расправата за ЛАМП по покана на претставници од општина Струга. Од друга страна, се поставува прашањето  од кога  јавните расправи  се од затворен тип.
Во врска со вадењето од контекст на изјавите, еве го ставот на соговорникот чија изјава беше  прикажана во  вчерашниот прилог.

На третата забелешка, дека телевизија ТВМ работи непрофесионално и нетранспарентно,  немаме коментар, оставаме нашите гледачи да оценат.

 

{loadposition content9}